Три дена нема одговор од кога тоа Артан Груби има одобрение за туѓо возило, документ потребен за возење на туѓа кола?
Да појаснам:
– „Гранит“ продава хотел за 55.000 евра на фирма „Еуроком лајтинг“ која има 1 вработен и 3 години работи со загуба. Факт е дека газдата е комшија на Артан Груби.
– Комшијата на Груби на 15-ти август 2022 година, со фирмата во загуба три години со ред, со 1 вработен, купува хотел на Попова Шапка и веднаш потоа, на 24-ти август 2022 година, кола Ауди А6 поскапа од хотелот!
– Иако купено од фирма, аудито е регистрирано на приватно лице, газдата на фирмата, 35 годишен комшија на Артан Груби.
– „Гранит, фирмата која што го продава хотелот по продажбата добива милионски тендер за автопатот Блаце!
– Аудито потоа му се дава, на користење, од комшијата, на Артан Груби.
Инаку, за споредба, цената за хотелот на Шапка е 366 евра за квадрат, а Ауди А6, од 2021г, какво што возел Груби, е поскапо од 55.000 евра!
За да бидат работите појасни, на крај:
– „Гранит“ добива милионски тендер за автопатот кај Блаце.
– „Еуроком лајтинг“ на комшијата на Груби можеби хотел на Шапка за 55.000 евра.
– Артан Груби добива Ауди А6 поскапо од хотелот, можеби на користење од комшијата!
Затоа е многу важно да се одговори: од кој датум Артан Груби има одобрение за управување на туѓо моторно возило во земјава и во странство?
Груби да не се крие и да не крие, од кој датум има одобрение за туѓа кола?
Тој одговор ќе даде и одговор или насока за одговор на многу други веќе отворени прашања.