-Што се однесува до прашањето за договорените ревизии на судските случаи, тоа во нормална држава би требало да е работа на обвинители и судски органи. За жал се додека на маса се збори за овие работи, а не во судница, имаме такви епизоди какви што сведочиме, посочи Стоилковски и додаде:„Јавноста не треба да наседнува на фолклорот на СДСМ и Алтернатива. Тоа е само завесата со којашто тие упорно манипулираат со чувствата на граѓаните, а зад таа завеса се функциите и министерствата кои што си ги делат и коишто им носат приходи. Секогаш кога се одвива некаква кражба тие ја вртат темата кон националната реторика, судските случаи, и јавноста не треба да наседнува повеќе на веќе видени епизоди.