Молкот на институциите поттикнува се беззаконие. По скандал со дуќан беспари во Скопје, скандал со хотел на Попова Шапка, скандал со фирма за баждарење бензински пумпи, скандал со пари од министерство во семејна фирма, скандал со фирма за гаќи за надзор, неказнивоста е до толку голема да за спречување на дивоградба да користиш и обвиниш за етнички базирана одлука, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Зад дивоградба од 160m² во Радишани стои самоволие и неказнивост. Општина Бутел сопира градење без документи, дивоградба за која има основано сомневање дека зад неа стои Артан Груби, а градител е негов братучед. Градбата е почната без документи, општината ја запира, а Артан Груби со партиски соопштенија обвинува дека на Албанци им се забранувало да градат. Срамен е молкот на институциите што поттикнува се поголемо беззаконие. Се додека јавноста сведочи за неказнети афери и скандали со илјадници и милиони евра, Македонија се подлабоко ќе тоне во сиромаштија и иселување! Граѓаните немаат доверба во институциите, а ликови како Артан Груби уживаат во неказнивост и недопирливост. Ова мора да има крај, вели Стоилковски.