Зад мене ја следите полициската видео снимка при акција во скопско Визбегово, каде според медиумските полициски спектакли, била пронајдена лабораторија за дрога, нелегални садници марихуана, просторија за сушење подготовка за продажба, шприцеви полни со хашиш, смола и што сѐ не. Претресите се правени во неколку објекти и приведени се три лица, меѓу кои и 38 годишниот И.П. И.П е затекнат при обработка на марихуаната! И сѐ ова се случува 24 септември 2020 година. И сѐ до ден денешен нема судска разрешница за овој спектакл, акција на МВР, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес конференциајта на Стоилковски:

-наумНапротив, има олеснителни околности.

Причината за тоа можеби лежи во фактот дека зад иницијалите ИП можеби е Иван Попов, брат на шефот на кабинет на Димитар Ковачевски, Мартин Попов?

По година ипол, случајот сѐ уште се влече по судските лавиринти, а наместо притвор како мерка за обезбедување, побарана од обвинителството за И.П., судот на режимот определува домашен притвор и повеќе пати истиот го продолжува.

Ако побарате на страната на ЈО, за сите вакви јасни кривични дела поврзани со производство на дрога , за дела спротивни на кривичниот законик, член 2015 – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, обвинителството бара а судот веднаш определува мерка притвор.

Притоа, случаите експресно минуваат низ судската постапка. Во овој случај година ипол тапка во место, а И.П., можеби Иван Попов, е во домашен притвор.

Причината не може да е поинаква освен одолговлекување на случајот, за кога еден ден во иднина случајот добие пресуда, евентуалното време за издржување затворска казна биде скратено со времето минато во домашен притвор, дотолку повеќе, ако воопшто Попов влезе во ќелија.

Почитувани,

Законот и ригорозните мерки, брзото судење, за вакви случаи важи за сите доколку не се роднини или дел од СДСМ, посочи Стоилковски.