Во продолжение интегрален тексти видео од прес-конференцијата на Стоилковски:
Во ист ден, во ист час се објавува одлука за 30% награда за партизираната администрација, во ист час излегуваат решенија во владини институции, листинзи со решенија за наградени! Во ист ден, ден пред распишување избори. Па што е ова ако не изборен поткуп на администрацијата?
Награда од 30% на административна плата за послушниците и партиските војници! 30% награда, варијабила во траење со месеци. Одлука и решенија во очи токму на распишани избори! Во ист ден одлука, во ист ден потпишани решенија за 30% изборен поткуп за административци.
Еве дел од листинзите, најмалку два! На ист ден 5-ти август, изготвени, потпишани, испратени до министерствата решенија за додаток плата почнувајќи 5-ти август заклучно со 31.12.2021 година, пет месеци. Селектирани кадри добиваат 30% по предлог на СДСМ и на ДУИ, на 5-ти август, ден пред распишување на изборите, веќе потпишани решенија од министри. Чист случај на изборен поткуп, на однапред договорена акција, спроведена на ден пред распишување избори, додека Македонија гореше!
Што е ова ако не поткуп, изборен поткуп, за административци послушници, наградени за некаков успех и пожртвуваност во работата, во година кога Македонија е во рецесија, а администрацијата не одеше на работа заради короната? Специфични задачи и зголемен обем, а администрацијата не одеше на работа, со месеци документи не се издаваат. Класичен бандитизам! Класичен поткуп. Класична диктатура!
Ова е награда за несработените проекти, награда за несработените капитални инвестиции, ова е награда за девастацијата, награда за тонењето во корупција, награда за криминалот, награда за проценти и маржи, за доцнењето на вакцините, награда за најголемата смртност од корона, награда за вадењето пасоши на криминалци, награда за сменети дупови за бетонизација.
Награда затоа што Македонци не можат да извадат ниеден документ! Награда за администрацијата за тоа што странци ни гаснат пожари, а Македонците одат во странство да се вакцинираат. Награда за администрацијата затоа што школството почна во октомври, а се уште нема свидетелства. Награда затоа што 60.000 работници останаа без леб во време на криза!
Почитувани,
Се носи одлука, се потпишуваат листинзите за наградени послушници во моменти додека Македонија гореше. Во моменти додека странци ни ги гаснеа шумите, а диктаторската власт на чело со Зоран Заев дезертираше!
И награда има за административците, за партиската војска на диктаторот Заев, а нема за пожарникарите, нема за наставниците, нема за докторите, нема за медицинскиот персонал!
Дезертерство, криминал, поткуп! Тоа е сликата за диктатурата на Зоран Заев во Македонија!, рече Стоилковски.