Посочува дека иако го имм сиот потребен кредибилитет да биде дел од УО на ЈСП, верува во принципи, за разлика од партиските членови на СДСМ. Нема трговија со принципи ниту со претпријатија.
-Тие принципи не постојат во СДСМ, затоа што на пример истата прашина како за мене (нас), очекувано би ја кренале и за портпаролот на Алтернатива којшто го поставија за директор на МЕПСО во време на најголема енергетска криза. Во име на тие принципи и во име на таа разлика, донесов одлука да се заблагодарам за довербата и честа да бидам предложен за Член на УО на ЈСП и да побарам да бидам исклучен од листата. Истовремено, оставам аманет на оние коишто ќе бидат избрани, да не го премолчат криминалот, како и да поведат сметка за претпријатието- симбол на Скопје, истакнува Стоилковски.