СДСМ се обидува со невистини да го покрие незаконското работење, свесното кршење на закони, свесното компромитирање на високото образование. Ковачевски и тимот уште неседнати во фотелји, работат незаконски и се правдаат со лаги. Пиунот на Заев, Ковачевски, именува двајца професори, декан и продекан, спротивно на закон, на високи партиски функции членови во ИО, изјави на денешната прес конференција, Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека Бисера Костадиновска Стојчевска потпретседател на СДСМ, во првиот свој јавен настап се обидела со невистини да манипулира за незаконитоста и за кршењето на законот за високо образование во врска со именувањето на декан и продекан за членови на ИО во СДСМ.
– Двајца професори, членови на СДСМ, универзитетски декан и продекан, го кршат законот и прифаќаат да се членови на највисоко партиско тело Извршен одбор на СДСМ, тело коешто според статутот на партијата, креира и спроведува политики и е одговорно за внатрешното структуирање на партијата. И никој од нив не се извинува веќе петти ден, ниту презема одговорност или покажува доблест да ја смени одлука, појаснува Стоилковски.
Тој додава дека ова кажува само едно, а тоа дека ова е тим на луѓе коишто во старт покажуваат дека ќе служат на заевизмот, на незаконитости, на кршење и непочитување на закони.
– Тоа е СДСМ, служење со лаги и незаконско работење само во заштита на криминалот и корупцијата, во заштита на Зоран Заев неговите интереси, дециден е портпаролот Стоилковски.