Прво, навистина е тешко промашување, тежок дебакл на се што прифати македонската влада, на се што испотпопишаа денес самите да се доведеме во една студена војна во смисла на заладени дипломатски односи помеѓу две држави. Тоа се случува кога едната страна е без стратегија, без предвидени чекори многу лесно ќе остварува се што ќе побара од неа од втората страна. Тогаш се губи достоинството, и на секој чекор и се чини за природен пат од страна на оние кои имаат претензии, тоа да го прави и бара од неа, рече Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар на актуелната ситуација во која од една страна се говори за односите со Бугарија, од друга за уставни измени.
Во однос на ова прашање Стоилковски освен посоченото погоре посочи уште три работи.
„Како второ, со извонредна леснотија владата и претседателот имаат улога на аналитичари во сиот овој период. Значи коментатори на состојбите, без да делуваат. Пример за тоа е кога претседател на државата ќе каже дека овде има замешателство на странски држави, поединци кои што одработуваат. Вистинското прашање е зошто тие немаат име и презиме за да народот не се доведува во заблуда. И подеднаква дилема е, која што заслужува одговор е што преземаат и претседателот и владата да не се случува тоа. Трет аспект, ако чекорот со кој настапува власта е прогласување персона нон грата, тогаш зошто се чека до 4-ти февруари да се донесе одлука. Зарем прво ќе дојдат ќе провоцираат инциденти па дури потоа ќе делува власта во Македонија. Како се случи еден инцидент во Охрид институциите да дозволат да се претвори меѓудржавен спор и инцидент“, кажа Стоилковски.
И како последен четврт аспект, Стоилковски посочи „четврто, се потврдува нашата теза дека уставните измени не се последната отстапка која се бара од нас. Тоа отвора дилеми, дали оваа влада ветила многу повеќе и тоа сега бугарската страна го бара. И главната причина зошто така се однесува владата килаво е само затоа што прават компромиси со се и сешто, зошто не се чисти и чесни и се до гуша потопени во криминал и корупција, и затоа многу лесно се согласуваат на се“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, рече Стоилковски, „во овие сериозни времиња ако е потребно единство во државата во заштита на државните и национални интереси, тогаш таквата поддршка и таквото единство го имаат од ВМРО-ДПМНЕ, но, оваа власт очигледно мора да си замине“.
Стоилковски додаде дека „вистинскиот тест за тоа кој има мнозинство и доверба во државата се изборите“.