Тој напиша дека Шилегов наместо да нарачува наслови во медиумите каде го нема “глаголот”, наместо притисок врз редакции, наместо да не им одговара на телефони и смс пораки, треба да ја покаже градежната дозвола.
– Ајде да видиме дозвола, од кого е потпишана, каде се платени комуналии, кој се со тебе е заглавен во криминал?
Дали потпишал Богоев? Дали тој за урбанизам? Еве и нешто плус- ДУПот од 2016 е поништен од Уставен; оспорен од НВО против токму ваква бетонизација. Богоев не донесе нов. А според тој од 2012, немаш дозвола за толкаво здание.
А градиш Петре нелегално баш според пишанито во поништениот ДУП! Ги повикувам и граѓанскиот сектор, О2 и другите НВО коишто го оспорија ДУПот да излезат и побараат одговорност од Шилегов за ова урбанистичко дивеење, пишува Стоилковски.