Скопје изгледа како зафрлено село, госпожата се однесува кон луѓето недозволено лошо!, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
-Ова е срамота!
Скопје изгледа како зафрлено село, госпожата се однесува кон луѓето недозволено лошо!
Ова е сликата за најголемиот булевар во Аеродром. Пишаното на картон на пешачки остров меѓу два големи трговски центри е највпечатливиот момент годинава и симбол за односот на Скопје кон Аеродром.
Аеродром е најбројната општина во Македонија, најурбана, најатрактивна општина, но и општина со најголемо учество во скопскиот буџет!
Дури 60% од сите уплати, даноци, наплати, приходи на Аеродром завршуваат на градската сметка!
Аеродром има годишен буџет од 600 милиони. Град Скопје 7 милијарди!
Украсувањето на булеварите во Скопје, СИТЕ БУЛЕВАРИ, е нејзина обврска, должност, задача.
Ова е срамота.
Данело, го посрамоти градот!, пишува Стоилковски во својата објава.