Продолжуваме со фактите за излевањето на 40 милиони евра од буџетот, под ставка „софтверски лиценци”. СДС и Владата молчат дали основата за 40 милиони евра за три години е колегијалноста на Димитар Ковачевски со првиот на Аитоникс, Марко Андонов, со кого се колеги професори од ист приватен универзитет?, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Но одиме и понатаму. Една година откако фирмата Аитоникс добива договор на 15 милиони евра, владата го именува Марко Андонов, од Аитоникс за почесен конзул на Грузија во Македонија, односно тој добива дипломатски статус, со задача да ги промовира интересите на странската влада што го назначува и добива заштита и поволности и им обезбедува на дипломатите иста онака како што се оние од кариера.
Владата на Ковачевски годинава потпишува втор договор тежок 25 милиони евра, со фирма каде првиот во одборот на директори е колега на премиерот и притоа конзул на странска држава. Тој договор е за лиценци за компјутерски програми и би требало да гарантира популарно кажано сајбер безбедност.
Почитувани овој скандал е поголем од набавката на МВР на компјутерска опрема од семејна фирма на човек од црната листа на САД.
Македонија овие три години беше поплавена од информации од власта за сајбер напади, Македонија беше сведок на нефункционални системи во администрацијата, беа напаѓани министерства, општини, со месеци образованието беше под закана за бомби во школите и тоа остана нерешено, ама затоа Владата плаќа 40 милиони евра на фирма водена од странски конзул од држава која не е членка на НАТО и е во специфична состојба и односи со Русија.
Почитувани, институциите мора сериозно да се позанимаваат со оваа набавка, иста фирма водена од странски конзул, колега на Ковачевски, добива 40 милиони евра за три години, бидејќи постојат сериозни индиции за влијание и за корупција, додава Стоилковски.