-Што и да сака да каже СДСМ, власта е падната. Дали Заев ќе продолжи со лагата за оставката- партиска и премиерска- тој ја дозакопува СДСМ се подлабоко. Власта е падната, и тоа не зависи од одлучноста или неодлучноста на некој Реџепи одеднаш поверува во „продолжниот кабел“ од модуларната, или пак можеби добил 500.000 причини за да помогне да се подели парламентот на пола. Власта е падната затоа што луѓето повеќе не и веруваат. Власта е падната и затоа што не се знае дали ќе се гласа на струја или на свеќа. Единствено и само во Македонија, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во продолжение може да го прочитате неговиот целосен Фејсбук статус: