Во првите 24 часа од „Сејф сити“ детектирани се повеќе од 110.000 прекршоци само во главниот град. Премиерот го поддржа проектот, а министерот за внатрешни работи рече дека е можно „Безбеден град“ да почне со казни еден месец подоцна.
Ако беше само до примена на „Сејф сити“ тогаш би се почнали веднаш. Станува збор за пробен период, дали функционира, дали има проблеми. Сега ќе се испитуваат сите случаи дали воопшто постојат недостатоци и дали тоа може да се подобри. Евентуалното одлагање е во насока на подобрување на системот, а со тоа носење и на сите законски акти и подзаконски акти, вели Стоилковски за Радио Лидер.
Тој даде коментар за 110.000 прекршоци во градот Скопје, а посебно даде фокус на 1.000 нерегистрирани возила кои циркулираат по скопските улици.
5.000 минувања на црвено светло на семафор. Тоа се 5.000 можни сообраќајни несреќи со животни последици, рече Стоилковски.
Наум Стоилковски за Радио Лидер објаснува дека „Сејф сити“ е проект насочен кон спасување животи, а не кон казнување.
Прво, „Сејф сити“ нема цел да казнува, туку да спасува човечки животи.
Стоилковски даде коментар за пратениците кои го „напаѓаат“ овој систем и вели дека е изненаден од ваквите коментари бидејќи има многу непочитувања на законот.
НА ПРВИОТ ДЕН ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Регистрирани 110.000 прекршоци во Скопје за 24 часа
