Стојанче Ангелов преку објава на социјалните мрежи изрази разочарување и револт од пратениците на СДСМ кои, како што рече, пред неколку дена гласале против предлог законот за дополнување на законот за Бранители.
Крајно сме разочарани и револтирани од пратениците на СДСМ кои пред неколку дена гласаа против предлог законот за дополнување на законот за Бранители. СДСМ има можност да ја исправи оваа голема неправда која ја нанесе на македонските Бранители од 2001-та преку носење на владина одлука.
Затоа, на денешната прес конференција повторно ќе побараме Владата да ја реализира иницијативата на Достоинство поднесена во декември 2022 година и да донесе Одлука за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители како и триесетина воени инвалиди од 2001 година.
Доколку нашата иницијатива биде отфрлена, Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ.
Слушнете само неколку реченици од таткото чиј син е изгорен кај Вејце. Ова семејство до ден денес сеуште е необесштетено. Иако таткото со скршен и огорчен глас лично мене ми повторуваше, нам не ни требаат никакви пари, вратете ни ги нашите синови, иако ниту едни пари на светот не вредат колку животот на било чиј син, ние како држава сме должни да ја исправиме оваа неправда и на сите необесштетени семејства на загинати бранители како и на триесетината необесштетени воени инвалиди од 2001-та да им исплатиме праведен надомест на нематеријална штета.
Укажувам дека видеото може силно да ве вознемири.