-Уште еден во низата скандали, бидејќи нас на дневна основа ни се случуваат скандали кој поголем од претходниот, не можеме да ги доследиме, да ги доискритикуваме. Ова што се случи со телевизското гостување на бившиот наш министер за надворешни работи е признание на јавна сцена дека тие, неговата гарнитура, листата каде што тој беше носител, јавно на тие избори, јавно и свесно ги гласале нивните гласачи, изјави Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „За или против“ во врска со признанието на Никола Димитров дека давал изборни ветувања кои се далеку од реалноста.

Loading… 

Стојаноска во врска со ова признание на Димитров запраша што корист имаат граѓаните од неговот признание и дали еве тоа негово признание ќе им смени нешто на лицата од 27 Април кои се 6 години во затвор?

-И што корист имаме ние од тоа негово признание?Што ова признание на Димитров им вредат на затворенциите за наместениот процес 27 Април. Дали нивното извини нешто ќе промени што тие повеќе од 6 години се во затвор? Дали нивната свест нешто ќе смени?, праша Стојаноска.

Стојаноска порача дека ваквите луѓе како Димитров треба даодговараат затоа што свесно го лажеле народот и тоа јавно го признаваат.

-Македонија е се подалеку од ЕУ, а ваквите признанија можам да ги очекувам , а може и не, но да им честитам дека се искрени далеку од тоа. Тие луѓе треба да одговараат, според мене затоа што свесно го лажеле народот и еве дојде ден која јавно признаваат, додаде Стојаноска.