Тешки обвинувања и реплики денеска паднаа на собраниската расправа во македонскиот Парламент.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска не штедеше зборови за критики кон премиерот Димитар Ковачевски.
„Македонија ја направивте непристојно место за живеење, во сите институции владее хаос. Вие сте срам за сите, а најмалку за себе. Дури полош сте и од Заев“, кратко рече Стојаноска.