Стојаноска повикува на враќање на средствата испокрадени од СДС

Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ денеска порача дека СДС треба да обезбеди средства за минималната плата, истакнувајќи дека тоа може да се направи преку враќање на средствата што биле испокрадени за време на нивното седумгодишно владеење.

„Да го вратат она што го испокрадоа во време на нивното 7 годишно владеење. Ако ова не го сторат самите, тогаш многу скоро низ судски процеси ќе враќаат сѐ што испокрадоа, заедно со казни затвор за истото“, рече Стојаноска.

Таа додаде дека, доколку во Буџетот сепак се најдат пари за минималната плата, тие веднаш ќе бидат пренаменети за хуманитарни цели.

„Парите за минималецот може веднаш да се најдат – дел на Водно (кај хациендите на Филипче), дел во Дубаи и дел во Струмица (по масите на хотел ‘Парк’)“, нагласи Стојаноска, потенцирајќи дека постојат конкретни извори за финансирање на минималната плата.