СДСМ докажа дека нема политичка волја за да се спроведат фер и демократски избори, а Пржинската влада каква што беше параван за недемократските услови за избори и кај СДСМ и ДУИ не постои политичка култура за она што е договорено и почитување на законите, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Стојаноска во врска со непочитувањето на законите од страна на СДСМ и ДУИ потсети на случајот со Рашела Мизрахи која ја разрешија незаконски.
Немаат волја за фер и демократски избори и ВМРО-ДПМНЕ нема да им служи како параван за да имаат изговори дека е дел од таа влада. Време е да престанеме со такви неуставни и еднократни решенија како Пржинската влада – нагласи Стојаноска.
Во однос на предлогот за една изборна единица, таа потсети дека тоа е ветување дадено од Зоран Заев уште во 2016 година, но предлог законот од помалите политички партии стои по фиоките заглавен во Собрание и ВМРО-ДПМНЕ е тука како потсетник на она што е заглавено, а е во интерес на државата.
Имајќи ја предвид актуелната политичка ситуација сега е време кога може да согласиме за една изборна единица, бидејќи така добиваме подобра претставеност на сите општествени групи во Парламентот, би се подигнале демократските стандарди во државата и ќе се добие еднаква тежина на гласот на секој граѓанин во Македонија. Ова е и единствена можност за помалите политички партии да не бидат приморани да предизборно коалицираат за да имаат шанси да освојат мандат, туку рамноправно да одат со свои листи – рече Стојаноска.
Стојаноска исто така потсети дека дали ќе се стави предлог законот за една изборна единица зависи од Талат Џафери и ДУИ која главна во ова владејачко мнозинство и партија поради која речиси се е закочено и која уценува за сите процеси во државата.