Бидејќи денес и официјално заврши комисијата за финансирање и буџет во Собранието, што се однесуваше на ребалансот за 2025 година, еве едно кратко резиме од страна на нашата пратеничка група, изјави Дафина Стојаноска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Стојаноска додаде дека, што се случи при овој ребаланс? Се случи не кредибилни ликови од народот да нудат кредибилни проекти за луѓето. Зошто велам не кредибилни? Затоа што се тоа истите оние луѓе кои што имаа можност изминатите 7 години кога беа на власт да ги решат овие проблеми на луѓето. Но еве сега велат дека нудат помош.
„Сума-сумарум, со новиот деловник, комисијата за финансирање и буџет може да трае 10 плус 2 дена, доколку не истече периодот од 10 дена за амандманска расправа. Но кукавичлукот и неспособноста на СДСМ завршија со само 3 дена општа расправа за буџетот, а оние 7 плус 2 дена ги сведоа на 4, кои што реално можеа и за 2 дена да завршат. Бидејќи, нели, се префрлија на планот „Б“, а тоа е повлекување од сите амандмани.
Јас и на самата комисија кажав дека повлекувањето беше затоа што немаат аргументи, немаат капацитет, немаа луѓе, немаа гласност за да дебатираме пред граѓаните во Собранието за тоа кој нуди решение и кој реално ги решава проблемите кои што останаа како наследство од времето на владеењето на СДСМ и ДУИ.
Денес, по однос на обвинувањата дека не сме ги прифатиле нивните комисиски амандмани, прво, јавноста мора да знае дека тие не беа во полн капацитет, ниту денес. Односно, со само 3 гласа „ЗА“, не им пројдоа амандманите.
А што се однесува до прифатените амандмани, прифатени се амандмани во вкупен износ од 61 милион денари. Еден е прифатен од подносителот Оливер Спасовски и се однесува за инфраструктурен проект во неговата општина во вредност од 6 милиони евра. Понатаму, се прифати амандман во вредност од 50 милиони евра, кој се однесува на здруженијата за лицата со попреченост и нивните потреби. И денес беше прифатен еден комисиски амандман во вредност од 5 милиони денари за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип“, додаде во изјавата.
„Амандманот за пожарникарите не е изгласан. Односно, никој не гласаше „против“, а за жал немаше ни некој да гласа „за“. Не знам колку се во тек колегите од СДСМ, ДУИ и Левица дека веќе е во тек план за вработување на 400 пожарникари, дека е во полна кондиција сè што се однесува на опрема на оваа Влада за справување со пожарите.
Факт е дека и најмалиот и најголемиот пожар, и по зафатнина и по моќност, не траел повеќе од 12 часа. Значи, оваа Влада со оваа подготвеност е спремна да се справи со овие пожари, изјави Дафина Стојаноска.