Носителот на листа од ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица, Дафина Стојаноска со младите од Гостивар организираше спортски настан во чест на, како што вели таа, уставобранителите,.

-Браќата кои гнијат во затвор 7 години, заради неправдата која им ја нанесоа луѓето кои ветуваа правда и мир. Неправдата на уставобранителите нека биде една од причините, заради кои треба да се казни актуелната власт. Време е за нивна правда и слобода! Време е Македонија да биде праведна кон сите луѓе! Време правдата да ја раздаваат чесни судии, а не политичари и корумпирани правораздавачи, истакна Стојаноска.