Доаѓањето на американски тим за да се вклучи во борбата против корупција значи катастрофа за една земја. Ние сме можеби единствена земја каде треба асистенција за борбата против корупцијата. По ова како се чувствуваат оние кои рушеа режим, а корупцијата сега царува во секоја пора, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на гостувањето на емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

„Ова што го прават Американците буквално значи како да им велат ви испраќаме тим зошто вас не ве бива и ништо, а што прават тие во меѓувреме ја бираат Дамева која студирала осум години колку и Катица Јанева, а знаеме како заврши Јанева“, додаде Стојаноски.

Според него мора да сме свесни дека имаме политички апартхејд или малцинството го командува мнозинствтвото.

„Но, мора да бидат свесни дека веќе добиваат предупредувања, а сепак на позиции во судството носат лица од партиски штаб. Значи мора да внимаваат што прават, бидејќи за се ќе има одговорност. Реалност е тоа што го зборуваме шест години има корупција тоа го потврдува и Транспаренси интернешнл, континуирано само се богатат, потоа видовме како завршија од СЈО, како заврши Вилма Русковска. Им упатувам јавна порака дека никој нема да биде амнестиран. Нема да има ситуации ниту еден отворен предмет да нема завршница“, укажа Стојаноски.

Гледаме и како вицепремиерката Славица Грковска, му укажува на обвинителот Јовески дека не му чини работата.

„Но, и тука тие имаат игра. А само едно е јасно дека ги чека прво губење власт а потоа одговорност. Луѓето даваат доверба на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи сакаат реална борба против корупција, реална работа. Ние ќе покажеме што значи бескомпромисна борба со криминалот“, рече Стојаноски.