Со нови вработувања на доктори и медицински сестри и ставање во функција на дневната онколошка амбуланта во ГОБ „8-ми септември” ќе се намалува притисокот врз Клиниката за Онкологија.

Директорот на болницата ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојаноски појасни дека изготвен е план и динамика за почнување со работа на онколошката амбуланта, каде пациенти ќе можат да примат терапијата во одделот за специјалистичко-консултативната онкологија во ГОБ „8 Септември“.

-За почеток ќе се трудиме динамиката да одговара на капацитетите, како кадровски, така и функционални на болницата, а постепено како што ќе се зголемува тимот, така ќе расте и бројката на пациенти кои ќе се третираат во оваа установа, истакна д-р Стојаноски.