Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски упати три пратенички прашања до претседателот на владата Димитар Ковачевски, првото прашање беше дали е нормално на консултант кој што не е со специфична струка да се исплати плата 35 500 евра, второто прашање колку ќе биде нето поскапувањето на струјата од 1 јули по основ на 8 % покачување на ДДВ, и третото прашање до премиерот Ковачевски во врска со пресудата од Стразбур е дали ќе иницира отворање на истрага за детектирање на одговорност кај тие судии кои што суделе знаејќи дека ги прекршуваат човековите права.
„Ова што се случува е институционално насилие, така што можевме да видиме како се злоупотребува целокупната постапка на носење закони, се злоупотреби европското знаменце, во договорот за коридорите стои одредба каде што за 4 консултанти треба да се исплати плата од 35 500 евра, дали во компаниите во кои што сте работеле дали во компанијата каде што акционер сте сега би дале 35 500 евра плата на вработен за консултантски услуги? Односно дали е нормално на консултант кој што не е со специфична струка е нормално да им се исплати плата 35 500 евра“ праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.
Стојаноски упати прашање до премиерот Ковачевски колку ќе биде нето поскапувањето на струјата од 1 јули по основ на 8 % покачување на ДДВ.
„Второто прашање ми е во врска со утринската изјава на вашиот вицепремиер за економски прашања, во врска со поскапувањето на струјата дополнително и воведувањето на евтина тарифа, прашањето ми е следно, колку ќе биде нето поскапувањето на струјата од 1 јули по основ на 8 % покачување на ДДВ“ , праша Стојаноски.
Третото прашање на пратеникот Стојаноски до премиерот Ковачевски е во врска со пресудата од Стразбур и дали Ковачевски ќе иницира отворање на истрага за детектирање на одговорност кај тие судии кои што суделе знаејќи дека ги прекршуваат човековите права.
„Третото прашање ми е следно, дали доколку судот во Стразбур процени дека во таа водена постапка биле прекршени човековите права за што и наложи државата на почитуваната Елена Доцевска Божиновска да и исплати казна дали вие како премиер сметате дека треба да повикате на одговорност односно да иницирате отворање на истрага за детектирање на одговорност кај тие судии кои што суделе знаејќи дека го прекршуваат човековите права заради тоа што ова е основ за одповикуввање и разрешување на судии“ истакна Стојаноски.