Пратеникот Бојан Стојаноски објави дека се враќа средното полициско училиште во Македонија.

-Како еден од предлагачите на овој предлог на Закон сум особено горд на овој чекор. Со овој закон се предвидува основање на државно средно училиште со цел образование и обука на ученици за полициската професија, кое ќе работи по наставни планови и програми утврдени од Министерот за образование и наука во согласност со Министерот за внатрешни работи.

Исто така, се предвидува ова средно образование да функционира во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, односно согласно новиот Закон за внатрешни работи – Полициска академија.

Истото ќе биде во времетраење од две учебни години, односно трета и четврта година средно образование, така што секој кандидат/ученик по завршување на прва и втора година средно училиште, на објавен конкурс може да се пријави и доколку ги исполнува предвидените услови, своето образование да го продолжи во средно полициско училиште.

Силна полиција за силна Македонија, објави Стојаноски.