Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски објави графички приказ на неколку анализи за цените на горивата во Македонија и регионот.

-Факт 1: Македонија има најевтина цена на горивата во регионот. Факт 2: Владата на Република Македонија има најголем обем на мерки за стабилноста на цената на горивата во регионот. Факт 3: Премиерот Мицкоски денеска изјави дека има преговори со најголемиот снабдувач на нафта и нафтени деривати за дополнителен попуст, со што ќе бидеме држава со убедливо најниска цена на горивото во регионот, вели Стојаноски.

Посочи дека цената на горивата е вонредно висока и тоа е исто така факт.

-Кризата на Средниот Исток има планетарно влијание и скоро сите земји на светот се афектирани од тоа. Но исто така треба да се истакне и напорот кој се вложува за овие цени да бидат што е можно пониски, посочува пратеникот.