Почитувани граѓани разговараме за разрешување на министер на кој што голем дел од пратениците денеска му го дознаа името, Адмирим Алити. Ке ви кажам зошто го зборувам тоа а особено сакам да влезат пратениците од Алијанса за да ги соочиме аргументите, и да ви кажеме пред очите на целата македонска јавност во какво криминално дувло влегувате“ , рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Стојаноски кажа преку бројки во какво криминално дувло влегува Алијанса на Албанците.

-Ќе цитирам бројки кои што се изнесени на емисијата Детектор а кој што ја таргетираат корупцијата. Според вас дали степенот на корупција во Македонија се зголемува ? 63 % а останува ист 19,5 % во вакво криминално дувло влегувате вие. Второ, според вас дали има корупција во судството, има многу корупција 57,1 процент, а донекаде има 22, 7 Проценти. Над 80 % граѓаните веруваат дека има корупција во судството. Има корупција многу во судство 57%, здравство 43,6 %, јавната администрација 41,9 % во полицијата 41 ,8 %. Двата сектори кои што ги води Алтернатива се полни со корупција, истакна Стојаноски.

Стојаноски додаде и дека за многу бргу од сега граѓаните, корумпираните актери на политичката сцена ќе ги испратат во историјата.

-Не е тактика да ги собирате сите да ги уценувате и да останете ден на власт, тактика е да добиеш доверба од граѓаните и да излезеш со чист образ и крената глава. Правете што сакате овие бројки кои што ви ги прочитав се мислењето на народот за вас можете да бегате, можете да се продавате , можете да купувате, можете да тргувате нечесно со кого сакате, за многу бргу од сега корумпираните актери на политичката сцена ќе ги испратиме во историјата , додаде Стојаноски.