Со претходното зголемување од 15% кое се случи претходната сезона, цената на парното греење ќе се покачи за 30% за неколку месеци! Се вели во Фејсбук статусот на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
-Со поскапувањата на струјата, високата инфлација, покачената потрошувачка кошничка и притисокот од епидемијата притисокот врз граѓаните по ова поскапување ќе биде уште поголем ! Државата повторно се крие зад празни зборови и флоскули ! Помош нема ! План за најтешката зима во последните 70-тина година ниту на повидок! Истакна Стојаноски.