Конзорциумот ИРД-ЕПТИСА-Евро Консалтинг-Електра Солушн кој ќе го врши надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10д води до кинески и руски врски.
Како што веќе знае јавноста првиот пат владата склучува договор со Конзорциум воден од ИГХ, каде покрај другите фирми бил и Институт за патишта од Велес, фирма на Сотир Ампов, татко на Андон Ампов сопственик на Електра Солушн, која е составен дел од Конзорциумот на ИРД.
Заеднички содржател за двата Конзорциуми, и тој на ИГХ и тој на ИРД се Ампови од Велес и руско-кинеските пари.
Фактите говорат дека откако бил раскинат договорот со ИГХ, се распишува нов оглас, во период на распишување на новиот оглас, синот Ампов, преку Електра Солушн поднесува за лиценца за надзор на објекти од прва категорија, која и ја добива среде јавен повик за поднесување на понуди. По добивањето на лиценцата на Електра Солушн, се менуваат условите на тендерот, се продолжува рокот за доставување на понуди, и се овозможува фирми загубари како ЕПТИСА да бидат дел од работата.
Електра Солушн за да ја добие лиценцата за надзор потребно е да има одреден број на вработени со соодветна стручна спрема и за таа цел дел од вработените во Институт за патишта Велес, кој се поврзува со руската врска од првиот тендер се пријавуваат и во Електра Солушн на работно време од 10 часа неделно.
Очигледно е дека Електра Солушн ги пријавила тие вработени кај себе со цел да добие лиценца за надзор, и веднаш потоа да учествува на тендерот.
На овој начин луѓе од фирмата која влече корени до руска врска се дел од Електра Солушн.
Дали Институтот за патишта Велес не учествува во новиот повик, и ја пушта поврзаната фирма Електра Солушн, само да се затскрие руската врска? Дали затоа се преземаат вработени од фирмата на таткото до фирмата на синот? Дали за таа цел се вади лиценца за Електра Солушн и среде оглас се менуваат условите за учество?
Довела ли руската врска од првиот оглас до кинеската врска со ЕПТИСА од вториот оглас, и дали некој од власта свесно внел руско-кинески елементи во надзорот врз Бехтел, кој употребува висока технологија за градба, која можеби е интересна за некој источни држави?
Дали Груби и Ковачевски свесно дозволуваат шпионажа на Бехтел од страна на фирми поврзани со руско-кинески врски?
Го повикуваме ЈО да реагира. Присуството на фирми на семејството Ампови од Велес и во двата Конзорциуми кои ја добиваат рабоатата за надзор од 22 милиони евра е доволна причина да се отвори истрага, а потоа со ред да се испита се што во изминатиот период изнесовме и ние на пресконференции и медиумите и меѓународни истражувачки мрежи, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.