-Измените и дополнувањата на овој закон не само што не се повлечени, дополнително тие се ставени по скратена постапка. Имено, се работи за суштински измени во законот кои предвидуваат приватизација или јавно приватно партнерство за дејноста за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување и приватизација или јавно приватно партнерство на дејноста за итна медицинска и стоматолошка помош и домашно лекување. Бришењето на овие дејности од Законот за здравствена заштита е скандалозно односно приватицзацијата на овие дејности е на директна штета на граѓаните на Република Македонија. Недостатокот на јавна расправа за вакви суштински измени кои се носат во период додека во Собранието се расправа за Буџетот за 2022 година е јасен сигнал дека власта преку овие измени сака да обезбеди само профит за поединци кои единствено ги интересира бизнисот, а не здравјето на граѓаните. Откако здравствената фела остро се спротистави на овие измени, беше најавено повлекување на законот, но денес гледаме дека сето тоа било само обичен блеф и дека власта се обидува закнот да го истурка на мала врата, вели Стојаноски.
Тој додава дека приватизацијата на овие дејности посебно на Брзата помош ќе создаде сериозни проблеми во урнисаниот здравствен систем и квалитетот на здравствените услуги кои и онака едвај функционираат поради пандемијата која не зафати.