Реализација на овој проект ветува Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник од опозицијата за оваа скопска општина. Смета дека ова место ќе биде одлично за спорт и рекреација за сите жители на населбата, но и општината.

-Оваа улица покрај за сообраќај, локалното население често ја користи за слободните активности во попладневните часови. Овдека тие шетаат со своето семејство, со своите пријатели, дел од нив ги шетаат тука и своите домашни миленичиња. Но оваа улица во вечерните часови е многу небезбедна, бидејќи е неосветлена и на нејзе нема тротоари од двете страни. Во мојата изборна програма предвидувам изградба на пешачка зона, пропратена со бројни зони за спорт и рекреација, како и места на кои што граѓаните ќе можат да седнат и да поразговараат, вели Стојкоски.

Повеќе инфраструктурни проекти се дел од програмата на Стојкоски, кој вети и отворање на нови сообраќајни артерии за да нема гужва низ Ѓорче Петров и околните населби. Тој секојдневно преку објави информира дека е со граѓаните на терен, што како пракса, ќе го воведе и кога би ја презел функцијата градоначалник. Според него, програмата стигнала до сечиј дом, а за тековните активности информира и на социјалните мрежи.

Наместо небезбедна улица, правиме осветлена километарска пешачка зона

🏃‍♀️🏃Наместо небезбедна улица без осветлување, Даме Груев односно Геге, ќе добие пешачка зона, со простор за спорт и рекреација, која ќе ја користат сите!

📍Ќе го направиме Ѓорче место каде се решаваат сите проблеми на граѓаните!

Posted by Александар Стојкоски on Saturday, October 9, 2021