Одлична вест за дечињата и родителите кои поминале низ тешки денови, лекувајќи се од канцер!
Проектот ” Приказната продолжува за деца кои победиле канцер”влегува во фаза на реализација, а истиот е поддржан од Швајцарската Агенција за Развој при Амбасадата на Швајцарија во Македонија, Министерството за локална самоуправа и Општина Ѓорче Петров.
Договорот за реализација на Регионалниот центар во с.Кучково наменет за деца кои се лекувани од канцер денеска е потпишан помеѓу Министерството за локална самоуправа и Скопски Плански РегионРегионалниот центар ќе претставува место каде на децата со прележан канцер, организирано и на едно место ќе им се понуди грижа, преофесионална поддршка и едукација.Целта е да им се помогне не само на емоционално, психичко и физичко ниво, туку да се вратат во образовниот процес и во новиот живот по канцер.Преку реконструкција и адаптација на стариот објект на ОУ во с.Кучково во регионален центар ќе се воведе комплетно нова регионална родово-сензитивна социјална услуга за деца во социјален ризик. На површина од над 650м2, Центарот ќе инкорпорира:Комплетно опремени соби за престој на 20 деца со 20 родителиКомплетно опремена кујна со трпезаријаКомплетно опремени училници за одвивање на дигитално он-лајн образованиеКомплетно опремени бањи и тоалетиКомплетно опремена Мирна собаДетско игровно катчеСоба за лесни физикални вежбиСоба за психо-социјални работилнициПросторија за систем за ладење и греењеТВ собаАдминистративен делДецата заедно со родителите ќе бидат вклучени во 10 дневна бесплатна програма за ресоцијализација. Вратите на овој објект ќе бидат отворени за сите дечиња од училишна возраст кои го завршиле своето болничко лекување на ЈЗУ Детска клиника-Скопје и се во ремисија и сите деца кои ќе го завршат своето лекување на клиниката, а може да доаѓаат и од соседните држави. Вкупен буџет за проектот е 23.574.076 МКД, а општина Ѓорче Петров учествува со 4.758.076 МКД, гласеше фејсбук статусот на Алексаднар Стојкоски – градоначалник на Ѓорче Петров.