-Кажав дека ниту вие имате време за чекање, ниту ние сакаме да чекаме – за големите проекти почнуваме постапки веднаш, за да имаме најбрза реализација.

Сместувачките капацитети во градинките е еден од првите проблеми кој се заложивме да го решиме, па затоа првите потписи ги ставив на барања:

-до Министерството за труд и социјална политика за изградба на нова градинка во Стопански Двор!
А до изградбата, како брзо и трајно решение за родителите и децата гледаме преку:

– опремување на делот јасли во објектот “Детелинка”, за што дадовме и детална пресметка за што очекуваме средства да добиеме од МТСП.

Сакаме и правиме сѐ листите на чекање да бидат минато, заедно со проблемите во Ѓорче Петров, пишува Стојкоски на Фејсбук.