На територијата на општината наследивме многу заборавени места оставени на забот на времето. Со посветеност и работа ја враќаме функционалноста на истите, напиша градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски на социјалните мрежи.
Едно такво катче во Волково со ангажман на Комунален пункт на Општина Ѓорче Петров ќе може во иднина да служи за рекреација на локалното население. Извршена е санација на партерното уредување и зелените површини, а следи обнова на урбаната опрема и осветлувањето, напиша тој.