Младиот и скромен Андреј Стојаноски е спортскиот бисер на Ѓорче! 👏 Импозантен спортист, со високи резултати во пливањето! Еден од спортистите со кои се гордееме.
✅Заедно со претседатеката на Советот на општината Ѓорче Петров, Ленче Нелоска се сретнавме пред неговото заминување на СП, кое ќе се одржи во Полска. 27 годишниот Андреј е вицешампион во пливање на СП во Тексас, соборува државни рекорди, има 5 спортски оскари и над 300 награди и медали. Чест ми е да дадам скромен допринос на овие врвни резултати, затоа што тоа се успеси на Македонија.
⭕️Спортот е најголем амбасадор на државата, а Андреј со своите успеси на меѓународната сцена придонесува за вистинска промоција на Ѓорче и Македонија.
👉🏼Ѓорче Петров ќе ги поддржи вистинските шампиони и ќе ги мотивира кон нови спортски дострели. Шампионе, среќно и те чекаме на “златната порта” со медалот од Гливице, објави на Фејсбук, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.