Стојкоски со отчет за сработеното – презентација на проекти и инвестиции

Вечерва, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ќе ги презентира резултатите од својот мандат пред граѓаните. Во рамки на настанот, Стојкоски со отчет за сработеното ќе ги прикаже реализираните проекти, инвестициите во инфраструктурата, јавните услуги и мерките кои го подобрија квалитетот на животот во општината.

Присутните граѓани ќе имаат можност директно да се информираат за постигнатото и за идните планови. Тие ќе можат со свои идеи и сугестии да учествуваат во креирањето на локалната политика за следните години.

Континуирано и транспарентно работење

Вакви презентации се практика во Општина Ѓорче Петров во текот на мандатот на Стојкоски, како дел од континуираниот процес на транспарентно и отчетно работење. Настанот ќе се одржи на платото пред новата општинска зграда во 20 часот.