Нема човечки жртви во пожарот во Ѓорче Петров, извести градоначалникот на Општината, Александар Стојкоски. Пожарот изби претпладнево, а го гасат пет екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.

„Нема човечки жртви во пожарот од она што сум известен од МВР и од противпожарната бригада. Гори покривна конструкција на објект и се работи на терен да се санира пожарот. Не се работи за општински објект туку за приватен“, рече градоначалникот Стојкоски, по увидот на градежните работи за новата градинка во Волково.
Очевидци велат дека гори покрив на објект во кој е сместено казино. Полицијата го пренасочува сообраќајот од главната улица „Ѓорче Петров“ по околните сообраќајници.