„Ако можеше Бугарија нешто да направи за да ги истисне Македонците или сите граѓани на државата да не гледаат благонаклоно на државата тогаш тоа беше да го отпочне процесот на блокада на пристапувањето кон ЕУ. И тоа е веројатно основата за ваквото чувство. Зошто расте? Затоа што како поминува времето процесот продолжува, гневот и фрустрацијата кај граѓаните продолжуваат да растат и понатаму“ – вели Андреа Стојковски, Директор на Преспа Институтот за Детектор, пренесува Press24.mk
На страна од перцепцијата на граѓаните, економските односи се добри со сите соседи, вели Стојковски. Тој објаснува дека она што граѓаните го добиваат како перцепција за односите меѓу земјите е тоа што им го сервираат центрите за комуникација од двете страни.
Тој додава дека гневот кон Бугарија не е само поради блокадата туку и поради севкупниот однос кој што го развиваме.