Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска го повика Косово да ги намали тензиите со Србија, два дена по жестоките судири меѓу косовската полиција и демонстрантите кои се противат на инаугурацијата на градоначалниците Албанци во областите со претежно етнички Срби. Откако Србите одбија да учествуваат на локалните избори во април, кандидатите Албанци победија во сите четири општини со излезност од 3,5 отсто.
Столтенберг соопшти дека разговарал со шефот за надворешна политика на Европската Унија Жозеп Борел за Косово. Тој истакна дека Приштина и Белград треба да се вклучат во дијалог со посредство на ЕУ.
„Приштина мора да ги намали тензиите и да не презема еднострани, дестабилизирачки чекори“, напиша Столтенберг на Твитер. Тој дополни дека КФОР и натаму ќе овозможува сигурна и безбедна средина.