-Гледаме значителна акумулација на воени сили околу Украина, тенкови и многу опрема. Тоа е неоправдано и ја поткопува безбедноста на Украина и Европа, рече Столтенберг, пренесен од агенциите.
Генсекот на НАТО нагласи дека Алијасната нема да прави компромиси „за правото на Украина да го избере својот пат, ниту пак за правото на Алијансата да ги штити и брани своите сојузници“.
Тој додаде дека соработката на НАТО со Украина е од одбранбен карактер и не претставува закана за Русија.