Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ја потценил Алијансата и ветил дека ќе ја поддржува Украина додека не ја „победи војната“.

Говорејќи на прес-конференција во Норвешка, Столтенберг рече дека во алијансата се водат дискусии за „како да се стави крај на конфликтот во Украина и да се најде „пат кон мирот“.

Но, тој истакна дека „Украинците одлучуваат за условите за мир“.

„Улогата на НАТО е да ги поддржува Украинците“, рече Столтенберг.