Дваесет години откако САД ги соборија од власт, талибанците ја вратија контролата врз поголемиот дел од авганистанската територија. Денеска ја прославија победата над најголемата воена сила во светот.

Последниот американски воен лет полета од аеродромот во Кабул вчера вечер по забрзаната операција за спасување, кога беа евакуирани повеќе од 123.000 луѓе, главно персонал од сојузничките земји и Авганистанци кои работеле за нив.

„Важно е аеродромот да остане отворен, така што патот за хуманитарна помош за луѓето останува отворен и за да можеме да продолжиме да ги извлекуваме луѓето што го сакаат тоа, но кои не можат да бидат дел од воената евакуација“, рече Столтенберг во интервју.

“Сите работиме да ги извлечеме. Нема да ги заборавиме”, рече тој.

Неговите изјави биле потврдени со изјавите на германската канцеларка Ангела Меркел, која рече дека „овој аеродром е од клучно значење за Авганистан, бидејќи без него медицинска и хуманитарна помош не може да стигне таму“.

Столтенберг нагласи дека НАТО постигнал некои од своите цели кога влегол во земјата по нападите на 11 септември во САД.

“Сите сојузници се согласија дека мора да се бориме против тероризмот за Авганистан да не остане засолниште на меѓународните терористи. И по 20 години, успеавме. Ниту еден терористички напад не е организиран од Авганистан врз ниедна земја на НАТО”, додаде тој.

Јенс Столтенберг гарантира дека сојузниците ќе продолжат да вршат дипломатски притисок врз новата влада на земјата со цел да се дозволи заминување на Авганистанците кои го сакаат тоа и да ги контролираат терористичките движења на нивна територија.

Тој им се заблагодари на сите сојузнички сили вклучени во евакуацијата.