Во Скопје се одржа мирен протест на раскрсницата кај Сити Мол каде пред 10 дена животот го загуби 24 – годишната Викторија Николова. Таа беше прегазена на пешачки премин на самата раскрсница, преминувајќи го булеварот Партизански Одреди.

Протестот се одржа во знак на револт кон сообраќајното насилство и на Николова, како и на преостанатите кои животот го загубија преминувајќи улица на пешачки премин.

Присутните на мирниот протест побараа да запре дивото возење на улиците за да се избегнат сообраќајки со смртни последици.