Едно лице загина, а две се тешко повредени во напад со нож што се случил рано утринава во општината Подујане во Софија. Напаѓачот со нож нападнал повеќе лица на јавна површина.

На местото на настанот починал 21-годишен маж. Две лица се пренесени во болница и се во животна опасност.

Екипи на итната медицинска помош интервенирале со три возила. На терен затекнале повеќе повредени лица со убодни рани.

Петнаесетгодишно девојче со повеќекратни повреди е итно пренесено во болницата „Пирогов“. Во болницата „Царица Јоана“ е хоспитализирана и 78-годишна жена со тешки повреди во пределот на стомакот.

Полицијата работи на расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои се случил нападот.