„На наше големо жалење, морам да ве информирам дека Кика повеќе не е со нас. Би сакала да изразам сочувство до нејзиното семејство и сите луѓе кои ја сакаа и ја познаваа… Те сакам, Кико, засекогаш, почивај во мир“, напишала пријателката на Кристина на Инстаграм, инфлуенсерката Лаура Тешановиќ.
Од Кристина се простил и инфлуенсерот Милош Бајиќ, попознат како Милош ХД.
„Се што би сакал да кажам, а има многу, сега би било излишно. Почивај во мир душо, те сакам и нека те чуваат ангелите“, напишал Милош.
Кристина е родена во 2000. година во Белград, каде што завршила основно училиште. Се запишала во железничко средно училиште, но набрзо се префрлила на трговско.
Ја следеле 700.000 претплатници на YouTube и речиси 400.000 на Instagram. Покрај тематските видеа, таа објавувала и свои песни на Јутјуб. Песната наречена Climbing the Throne има над седум милиони прегледи.