Вон-парламентарната црногорска конзервативна партија повика на протест под слоганот „Стоп за асимилацијата на Црногорците“, по повод претстојниот попис на жителите, домаќинствата и имотите од 1 до 15 ноември. Велат дека тоа ќе го направат заедно со невладината „Перјаници“ на 13, 14 и 15 октомври на делницата од автопатот Никшиќ-Подгорица во градот Богетиќи.
– Се надеваме дека ќе ни се придружат сите суверени партии и голем број граѓани кои се чувствуваат како нас. Стоп за асимилацијата на Црногорците. Престанете да бркате се што е црногорско. Да се спротивставиме и да покажеме отпор – порачаа од ЦКП.