Позитивно мислење од Дирекцијата за класифицирани податоци: Сертификат за пристап до НАТО тајните
Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, доби сертификат за пристап до НАТО тајните, потврди извор од Дирекцијата за безбедност на класифицирани податоци. Овој сертификат ќе му овозможи пристап до класифицирани информации на Алијансата и управување со нив во согласност со највисоките безбедносни стандарди.
Строга проверка од НАТО
Процесот за издавање на сертификат за доверливи информации на НАТО е детален и строга процедура, што ја спроведува централата на НАТО. Како дел од оваа проверка, биле анализирани сите аспекти од личната и професионалната подобност на Христовски.
-
Според информациите, се разгледувале и обвинувањата објавени од опозицијата и дел од медиумите, како прашањето за сертификатот за познавање на англиски јазик и неговиот втор факултет.
Претходни одбивања на македонски функционери
Во минатото, поголем број македонски функционери беа одбиени за издавање на сертификат за пристап до класифицирани информации на НАТО. Овој успех на Христовски го прави значајно постигнување за македонската интеграција со Алијансата.