Светилки и реквизити од претходните години го красат централното градско подрачје, Чаршијата, новото шеталиште и Плоштадот, а неизостанува ниту новогодишната елка, традиционално поставена на Чаршискиот мост

Буџетските средства во висина од 500.000 денари, предвидени за новогодишно украсување, со одлука на Советот на Општината ќе бидат пренаменети за други цели.

Организиран дочек и годинава нема да има, но за најмладите ќе се реализира предновогодишна прошетка со Дедо Мраз низ струшките улици и чаршијата.