„Очигледно е дека ќе има покачување на цената на електричната енергија, минатата недела трите компании испратија барања. Сите компании ќе треба да излезат од својата конфорна зона, ќе треба да дадат дополнителни напори за да се преживее оваа година. Постои незадоволство кај компаниите, но во кризна година сите треба да го понесеме товарот, изјави првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски.
За РКЕ се неприфатливи драстични ценовни шокови, затоа што ќе имаме проблеми со наплатата. Во време на криза треба сите да сме солидарни, да се подготвиме за една тешка година. Се уште немаме конкретна проценка колку ќе се покачи цената на струјата. Министерот рече дека ќе е под 10%, други велат 70% – во непријатна ситуација сме затоа што многумина кажуваат за цената, а РКЕ ќе ја понесе на крај одговорноста. ЕСМ годинава понуди 41 евро за мегават час, претходно беше 36,1 евро. ЕСМ презема обврска се да направи за да избегне увоз на електрична енергија“ – вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика во Студио 10 на ТВ24.