Мерните станици за квалитет на воздухот од Министерството за животна средина и просторно планирање попладнево покажуваат дека едни од најзагадените градови во Македонија се Струмица со измерени 389 mg/m3, Кочани со 301 mg/m3 и Гевгелија со 237 mg/m3.

По нив следуваат и скопско Лисиче со измерени 230 mg/m3, Кичево со 225 mg/m3 и Ректорат со 208 mg/m3

Скопје, Тетово, Куманово и Кавадарци се меѓу најзагадените градови во светот. Доколку ПМ10 честичките два дена едноподруго го надминуваат прагот над 175 ПМ10 тогаш владата излегува со препораки.