Од почетокот на годината струмичани ќе плаќаат повисоки сметки за затоплување со гас. Досега цената за
потрошен кубен метар гас изнесуваше 46,5 денари, а сега потрошувачите ќе плаќаат 80,4 денари.

Новите цени ги објави ЈПЕД „Струмица гас“. Оттаму информираат дека зголемените цени се заради енергетската криза и повисоките цени на пазарот за снабдување со овој енергенс.

За да се ублажи ценовниот удар Општина Струмица ќе ја субвенционира цената на гасот за домаќинствата со 10 денари за секој потрошен кубен метар. За таа намена локалната самоуправа обезбеди околу 3 милиони
денари.

Од Јавното претпријатие велат дека има доволно количини гас за затоплување, којшто се обезбедува од Бугарија, Србија, Скопје и Солун.

Во Струмица на гас се затоплуваат околу 400 домаќинства, компании и институции, а изградена е гасоводно мрежа во должина од околу 40 километри.